6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 15 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Ќе бидете многу трпеливи истрајни (што е чудно). Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите. Можни се некои психосоматски проблеми поврзани со енормно конзумирање на храна, но и додатни вознемирувања внатре во семејството. Претерувате со емотивни изливи.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив. Здравје: добро.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Вашите љубовни интерси ќе се движат во работниот круг. Можна е симпатија во вашата канцеларија или познанство со интересна личност благодарение на вашите колеги. Оние што бракот го доживуваат како обврска ладно ќе ги извршуваат должностите. Можно е да ви замери партнерот, бидејќи за него немате доволно време. Здравје: просечно внимавајте во сообраќајот.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Ќе бидете во позитивен тренд. Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат пдредизивици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува. Страста и љубомората ќе ви бидат нагласени, бидете внимателни.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно. Слободните претставници ќе имаат успех во додворувањата. Здравје: добро.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Пред вас се многу поволни работни активности ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однеусвате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани одколку што сте претпоставувале малку ќе бидете разочарани. Што побрзо тоа подобро.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Ќе бидете доста спори, но воглавно ќе успеете да завршите се она што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели. Вагите кои се во брак со својот супруг-га ќе си поминат убави моменти. Здравје; многу добро.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво. Здравјето е чуствително внимавајте на кожата (алергии, изгореници и др. ).

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Вашето однесување ќе делува врз расоложението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а друг ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакте нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај ве очекува среќа. Здраствената состојба не е најдобра грижете се повеќе за себе и вашето здравје.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате. Здравје: почнете со диета.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување од странство.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.