6 C
Skopje
недела, февруари 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 12 АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

    Овен (21.03-20.04)

    Ќе ве зафати мрзеливост, а од вас ќе се бара повеќе активност и работа, бидејќи промените со кои ќе се соочите се доста сериозни. Нејасните односи со соработиците ќе морате најбрзо што можете да ги средите, бидејќи морате заедно да работите. Родените во третата декада ќе имаат можност за нова работа. Посветете се на вашите најблиски, и тие го заслужуваат вашето внимание. Викендот пред вас е одличен за тоа.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Постои опасност, премногу ќе се опуштите, па поради таквата состојба да пропуштите многу поволни прилики. На емотивен план за оние во брак ќе имаат доста хармоничен ден, а на слободните ќе им се насмевне среќата. Машките Близнаци денеска посебно ќе бидат чуствителни од шармот на некоја Вага, што за другата страна не би можело така да се каже. Здравје: одлично.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса да овој работен ден ви биде многу успешен. Во љубовта ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени. Совет: излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми едноставно уживајте во убавините на животот. Здравје: проблеми со синусите и воспаленија.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Вие ќе бидете на потег, но ќе настапите доста импулсивно и без размислување, па затоа е можно да направите и некои грешки. Не се залетувајте пред непознати луѓе. Некоја помош што сте ја очекувале од странство можеби ќе пристигне па така ќе можете да ги реализирате замислените планови. Во љубовта недоразбирањата продолжуваат и би требало да го разберете вашиот партнер бидејќи и тој има проблеми.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Не располагате со енергија која ви е потребна за совлажување на работните задачи. Можеби некој од вашето семејство врши голем притисок врз вас и ви ја одзема енергијата која треба да ја насочите на работно поле. Оставете ги неважните работи и целосно насочте се кон тоа што се случува на деловен план. Љубовниот живот ви е среќен ве очекуваат нови познанства и пријателства. Здравје; добро.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите. Тоа е само последица на непотребна љубомора која може се да расипе. Бидете потолерантни. Здравјето добро ве служи.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Нема да бидете оптеретени со многу обврски, па така ќе можете малку и да здивнете. Скорпиите на кои работата му дозволува можат најпосле да се посветат на некои работи кои ги оддложувале поради многу обврски како на пример читање на книги, или средба со луѓе кои не ги виделе повеќе време. Скорпиите од женски пол ќе бидат мета на додворувачите но нити еден нема да да ги задоволи нивните критериуми.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Работните задачи ќе ги извршите без поголеми пречки и навремено, но не очекувајте голем успех. Ве очекува еден просечен ден можеби и малку досаден и монотон. Доколку денот ви е планиран за љубов состојбата е значително поинаква. Претставник од знакот Близнаци ви е идеален партнер за наредните неклку дена, па не ја пропуштајте денешната прилика. Здравствената состојба добра. Наспиете се добро.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ќе бидете повеќе расположени за дружење и разонода одколку за работа, а во прилог ќе ви оди и поволната финансиска ситуација. Голема поддршака ќе имате од некоја угледна личност. Обидете се да превеземете нешто во врска со љубовта, најповеќе внимание посветете на разнишаниот однос со партнерот. Немат доволо време за своето семејство. Здравје: чуствително-внимавајте на желудникот.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Не склопувајте нови пријателства и не се доверувајте се на секому. Ако имате потреба некому да се искажете, одберете ја личноста во која имате доверба. Во спротивно може да дојде до компликации. Пред се бидете сериозни и свесни во обавувањето на должностите. Емоционално сте незадоволни и осамени, но тоа нема догло да трае. Слободните претставници нема да имаат многу среќа во додворувањето. Здравје: добро.

    Риби (20.02 – 20.03)

    На работнто место ќе покажете дека сте дисциплинирани, а вашите постигнати резултати ќе зборуваат место вас. Ќе успеете да се ослободите од сите препреки кои ве вознемируваат во односот со вашиот партнер. Ако немате кому да му ги искажете вашите чуствата постои можност да сретнете посебно интересна личност во знакот на Вага. Здраствената сотојба ви е добра, бидете внимателни во сообрајќајот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.