6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 10 НОЕМВРИ (ПЕТОК)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Контактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете се иако не ви се допаѓа – нема да зажалите. Ќе биде изразена желбата за забава и дружење. Во љубовта ситуацијата се подобрува. Здравје: многу добро.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто. Но внимавајте од што. Во секој случај не е баш идеален ден за љубов. Едноставно како да не ќе можете да престигните да посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете внимателни.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Можностите за работен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силен волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате. Интуицијата ви е нагласена ќе бидете отворени за комуникација со луѓето, а покрај тоа ќе имате и доволно сила и енергија да ги елиминирате сите препреки.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Ве очекува разврска на емотивното поле. Денов е добар и за нови почетоци во љубовта, па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување. Не претерувајте во трошењето на парите и помислете на тоа како ги заработувате. Здравје: главоболки.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекава награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред, за оние кои се во брак и оние претставници во подолгите љубовни врски. Здраствената сотојба ви е одлична, само што ви треба малку релаксација.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Ќе имате многу контаки, средби и сето тоа целосно ќе делува врз вашато расположение. Ќе имате множност за некоја промена што со задоволство ќе ја прифатите надевајќи се на поголема заработувачка. И нема да згрешите. Некои ќе имаат проблеми во врските особено со партнерот. Потрудте се да промените нешто на вашиот надворешен изглед. Здравјето добро ве служи.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Извршувањето на работните задачи ќе ви одземе поголем дел од денот, а слободно време ќе имате малку. Побарајте помош ако ви е потребна. Односите со партнерот ви се на добро ниво, особено ако е личност родена во вашиот знак. Слободните претставници на овој знак ќе доживеат лошо искуство со некој додворувач. Здравствената состојба е добра, сепак повеќе треба да одмарате.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Некои работи ќе ве прават доста немирни и ќе ви создаваат фрустрации, но ќе имате и причини за задоволство. Ќе имате добри контакти со важни луѓе, а некои ќе се обидат да ви помогнат, па затоа е многу важно да можете да ги препознаете добрите намери. Финансиската ситуација ви е одлична. А односите со пријателите доста ладни. Ќе бидете многу приврзани кон партнерот. Внимавајте од повреди.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Би било идеално ако можете денска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на се што ве измачува и потполно да му се посветите на работата. Иако на почеток нема да видите резулатати сепак издржете и не се разочарувајте. Љубовните проблеми заборавете ги накратко и работете. Финансиската ситуација ќе биде малку подобра. Не го занемарувајте здравјето.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ве советуваме да бидете што поотворени спрема другите луѓе, особено спрема оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен ден за проучување и самоанализа. Сите обиди да постигнете подлабока хармонија ќе ви бидат доста успешни. Па вреди да се обидете. Здравје: главоболки и нервоза.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате повторно воспоставената врска. Здраствената состојба ви е добра, одмарајте се повеќе и внимавајте од повреди.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Па затоа одбирајте поведри луѓе, смеете се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги -само можат да ви штетат. Смирете се шетајте во природа и најважно од се наспиете се добро.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.