6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 06 ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Новите работни можности поврзани со образование, медиуми или промена на средината ви поставуваат прашања кои се однесуваат на иднината на вашиот приватен живот. Ако сакате да ги следите вашите цели потребни ви се одредени прилагодувања. Не одложувајте туку конкретно делувајте и ќе сватите дка не е толку тешко колку што ви изгледа. Денот е одличен за деловни разговори и склопување на договори.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Денот пред вас нема да ви ви донесе некои позначајни новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Имате можности да ги искористите вашите фантазии и креативност. Одлично го чувате мирот во рамникте на љубовната врска. Имате многу идеи кои ќе се обидете да ги спроведете на дело. Ви посакауваме успех. Здравјето одлично ве служи.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Ќе бидете раздразливи и склони кон кавги со околината. Не ви препорачуваме да донесувате некои важни одлуки денеска, како ни да започнувате поголеми работи. Пред се настојувајте да постигнете психичка рамнотежа. Немојте да мислите дека треба да бидете информирани за се и дека треба да бидете на пет места истовремено. Тоа не можно. Сентименталните сте нестабилни. Здравје; чуствително-нервози.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Надворешните услови не ви се наклонети. Ќе имате тежок однос со авторитети или со некоја повозрасна личност од вашиот ранг. Ќе ги почуствувате последиците од вашето однесување и за некои работи ќе морате дупло да се потрудите. Зафатете се со работа и ,,загризете,, таму каде најмногу ви е важно. Работните обврски ќе бидат пречка помеѓу вас и партнерот и гого ќе му биде тешко да ги искажи чуствата.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Бидете внимателни во односите со околината и проверувајте ја секоја информација. Избегнувајте нагли одлуки. Размислете за секој чекор. А можеби би било најдобро важните одлуки да ги одложите за друг ден. И на интимен план исто така ви се закануваат опасности од напнатости и недоразбирања во семејството. Здраствената состојба ви е чуствителна , внимавајте на срцето и крвотокот.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Ќе бидете доста напнати а во извршувањето на работните задачи ќе се среќавате со некои тешкотии. Затоа ви препорачуваме сега за сега да се занимавате само со работи кои се убави, а кризните ситуации да се обидете да ги разрешите на мирен начин. Избегнувајте го секој облик на агресија. Љубовниот живот ви е скаладен, ве очекуваат пријатни моменти во душтво на партнерот. Здравјето ви е просечно, ви треба рекреација.

    Вага (23.09 – 22.10)

    На работното место без некои позначајни промени, секојденвните обврски ќе ги извршувате вообичаено. Вашата финансиска ситуација ви задава проблеми, но на тој план можете да очекувате подобрување. Накратко вашата ситуација е подобра од тоа што ви изгледа вас. Најважно е да го освежите секојдневието и да се ослободите од рутината. Емоционално сте стабилни. Здраствената состојба ви е одлична.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Без некои поголеми промени во однос на изминатиот ден. Ве советуваме да не сметате на пријателства и да не верувате премногу секому, бидејќи можат да ве предадат и оние во чија лојалност сте биле сигурни. Најдобро би било да одложите некои важни работи. Во интимниот живот напнатоста исто така ќе ви се зголеми, па ќе се чуствувате многу осамено. Здравје: чуствително -внимавајте на вратот.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Ве очекуваат некои непријатностите кои можат да бидат поврзани со судски спорови. Не е погоден ден за започнување на некои поголеми работи, бидејќи ќе делувате под влијание на негативните емоции. Финасиската ситуација ќе ви задава грижи. Сентименталните односи ви се средни со тенденција на влошување. Здраствената состојба ви е чуствителна внимавајте на бубрезите.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ќе бидете целосно посветени на работата па така неусетно ќе ви мине работното време. Се чуствувате помалку исцрпени и нерасположени. Немојте да ја занемарувате забавата како и се она што може да ве опушти. Настојувате да не мислите само на обврските и грижите. Во приватниот живот ќе бидете задоволни но вашите односи со партнерот не се стабилни. Здраствената состојба ви е одлична.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Денеска некои работи ќе добијат погрешен тек на одвивање, но нека не ве загрижува тоа бидејќи тоа е само моментална ситуација. Не си допзволувајте импровизации и не се базирајте на вашиот шарм. Морате да верувате во себе си и да работите поодговорно. Љубовниот жиовт ви е доста напнат но наскоро ќе дојде до подобрување. Здраствената состојба ви е добра но треба повеќе да се движите.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Ќе бидете напнати, а работните задачи нема целосно до крај да ги извршувате. Избегнувајте кавги и внимавајте од непријателства, бидејќи тие барем во овој момент се многу опасни за вас. Денот е поволен за краткотрајни работи. И покрај поволните елементи вашата ситуација е доста нестабилна. Емоционално сте засега задоволни. Здраствената состојба ви е доста чуствителна, бидете внимателни со храната.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.