6 C
Skopje
недела, октомври 6, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 15 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат. На љубовен план без некои посебни збиднувања. Доколку ви се укаже прилика за нова љубовна врска не ја пропуштајте. Здравје: солидно.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Сите активности кои ќе ги превземете ќе бидат поврзани со средување на вашиот простор за живеење, а сето тоа ќе ве направи задоволни. Бидете внимателни со повозрасните личности првенствено блиските и немојте да си дозволите да бидат навредени од ваша страна. Соработниците на работното место гласно ќе ја коментираат вашата работа, запрашајте се дали доволно се трудите околу решавањето на работните задачи.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Ќе ве следат доста променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот, а одма потоа ќе му искажувате огромна љубов. На работното место не ќе можете да престигните со обврските. Времето некако ви лизга низ прсти и мора малку да се позанимавате со негова реорганизација. Распоредете ги работите по приоритет. Здраствната состојба ви е добра само што треба повеќе да се движите.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Ќе почуствувате како настаните и околностите ви одат од рака. Ќе успеете да создадете посмирени односи со околината. Но сепак ќе постои нешто што по малку ќе ве измачува и ќе врши притисок врз вас. Некои мали провокации можат да ве исфрлат од рамнотежа. Во центарот на вашето внимание ќе бидат финасиите и начинот на справување со парите. Ќе сватите дека треба повнимателно да ги контролирате приходите и трошењето на парите.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Ова е доста весел ден за повеќето припадници на овој знак. Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите приајтели. Убав ден и за заљубените Лавови кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат, а тоа и ќе го доживеете. Здравје: не претерувајте со кафето.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Денеска ќе морате да се потрудите околу партнеротивте желби и потреби и тоа пред тој да ви каже. Ако навистина сте блиски со некој тоагаш би тебало да знаете што таа личност чуствува кон вас и пред таа да ви каже. Ако не сте сигурни што правите нема ништо да ве чини ако се обидете, бидејќи вашиот партнер знае дека имате добри намери, па дури и ако понекогаш згрешите.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Интересите денес ќе ви бидат насочени кон работата и обврските, но постои можност и за понекој флерт или додворување со колега од соседната канцеларија. Вашиот партнер нема да биде доволно со вас, бидеќи премногу е преокупиран со проблеми, и ќе се повлечи во својот свет, па така не ќе може да ви понуди романтика и љубов. Покрај здравјето потрудете се малку и за вашиот изглед.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Ќе се потрудите, но малку ќе успеете да добиете јасна слика за ситуацијата и развојот на настаните на вашето работно место. Ќе направите некои погрешни заклучоци или погрешна проценка која може да биде многу важна за вашето работно место. Најприфатлив совет е: оставете го сомнежот, а на несигурноста не му посветувајте големо внимание. Здравјето денеска нема да ве загрижува.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Многу реално ја согледувате ситуацијата и подготвени сте да изреагирате на најсоодветен начин. Не сте во дилема бидејќи сите луѓе и работи сте ги поставиле на места каде навистина заслужуваат. Морате да бидете повнимателни во сообраќајот и во сите видови на комуникации поради опасноста од повреди. Изложени сте на влијанието од пријателите повоеќе од обично.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Ќе треба да бидете доста сериозни, рационални бидејќи во прашање е промена на работното место или избор на дополнителна работа. На тоа ќе бидете принудени иако не сте воодушевени со тоа што ќе треба да го работите. Финансиската состојба не е најдобра ќе мора да бидете поскромни во трошењето на парите. Во љубовта ќе имата прилика за авантура, но ќе бидете разочарани. Здравје: добро.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    На работното место ќе настапувате како поединец и ќе избегнувате тимска работа. Ќе се држите до својата самостојност и независност и арогантно ќе им се спротивставувате на сите што ќе се обидат да ве контролираат. Љубовта што ја чуствувате ќе биде потисната длабоко во вашето среце. Ќе правите споредба помеѓу минатото и сегашноста, старата љубов со актуелната. Здравје: солидно.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Ќе ви се појави желба за наметнување во нешто за што не сте доволно способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да и докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.