6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Холандија ќе им плаќа на луѓето кои ќе одат на работа со велосипед

    Жителите на Холандија кои одат на работа со велосипед, наскоро можеби ќе добијат надоместок за нивниот напор во напорите на земјата да се избори со метежот на патиштата, пренесува „Франс прес“.

    „Да излеземе од нашите автомобили и да се префрлиме на велосипеди“, изјави заменик-министерот за инфраструктура на Холандија, Стенте ван Велдховен, кој оваа недела најави нови мерки со кои, како што рече, сака да стимулира уште повеќе граѓани од четири да се префрлат на две тркала.

    Тој вели дека целта на државата е уште најмалку 200.000 луѓе од автомобил да се префрлат на велосипед. Надлежните сакаат да го постигнат ова со давање на паричен надоместок на луѓето кои ќе одат на работа со велосипед, а Ван Велдховен предложил сума од 19 центи по километар. Тој е сигурен дека оваа мерка ќе биде усвоена.

    „Велосипедите играат важна улога кога станува збор за достапноста, квалитетот на животот и здравјето“, рекол Ван Велдховен.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.