Британската актерка Хелен Мирен на учениците од една школа за филм и телевизија во Лос Анџелес им рекла дека сака да го глуми Доналд Трамп во биографски филм и открила дека тоа не е без причина туку затоа што имаат една заедничка карактеристика.
Како еден од главните адути за оваа улога, 72-годишната актерка ја посочила сличноста со фризурата со американскиот претседател.
„Ќе бидам смешна како Трамп. Ми се допаѓа оваа идеја. Речиси имаме иста коса. Тој е фантастичен шекспировски лик. Можеби ќе има има и таков пад. Не знам, мислам дека тој е посебен лик“, рекла Хелен Мирен.
Познатата британска актерка додала дека за таков проект би сакала да ги проучува детството и семејниот живот на американскиот претседател.