Иако Израел ја почна операција за откривање и уништување на тунелите на Хезболах дури во декември 2018 година и тврдеше дека нивната изградбата почнала пред само неколку години, палестинското движење почнало да ги копа пред почетокот на војната во 2006 година според извештајот на i24 News.
Во извештајот се вели дека тогашниот шеф на Северната команда на Израелските сили за одбрана (ИДФ), Бени Ганц, бил информиран за почетокот на изградбата на тунелите од својот советник, полковник Јоси Ланкотски во 2005 година. Сепак, војската очигледно не го сфатила сериозно предупредувањето во тоа време.
Во декември 2018 година, израелската војска ја најаво операцијата „Северен штит“ чија цел е откривање и уништување на тунелите на Хезболах. Претходно во јануари израелската војска објави дека шест тунели биле уништени, а операцијата се смета за успешна.
Портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Ронен Манелис го објави уништувањето на тунелите на 13 јануари, но исто така призна дека има уште многу да се направи за да се откријат и неутрализираат сите тунели.
И Израел и Обединетите Нации ги сметаат тунелите за прекршување на Резолуцијата 1701 на ОН, усвоена со цел да се стави крај на израелската војна со Хезболах во 2006 година.
Прашањето за тунелите ги зголеми тензиите меѓу Израел и неговиот северен сосед, а изгледите за нов вооружен конфликт се појавуваат во време кога Тел Авив се бори да ги убеди шиитските муслимански држави да заземат страна и да се спротивстават на иранското влијание во регионот.
Од 2006 година Хезболах значително ги зајакна своите воени капацитети и акумулираше арсенал од околу 100.000 до 120.000 проектили и ракети со краток и среден дострел, како и неколку стотици ракети со голем дострел, објави i24 News. ИДФ сè уште не го коментираше извештајот.