Џејмс Харден и Демар Дерозан индивидуално ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата. Харден блескаше против Сан Антонио, а Дерозан на натпреварот со Оклахома. Тимовите кои беа домаќини победија на осум од 11-те одиграни натпревари.
Џејмс Харден одигра за тимот, поентираше, скокаше и разигруваше поради што Хјустон во дербито на тексас победи во Сан Антонио 101:99. Харден оствари трипл-дабл од 24 поени, 12 скокови и 15 аситенции, но имаше и осум загубени топки.
Во првите седум мечеви сезонава Харден има просек од 31, 6 поени, 12,7 асистенции и 7 скокови по натпревар.
Сан Антонио на овој меч го предводеше Кавај Ленард со 34 поени и седум скока.