Неверојатна реакција на тимот од полицајци во Ајнховен, Холандија ќе ве остави без зборови. Еве за што станува збор.
Брзата помош добила повик на 112 дека во Ајнховен жена има дијабетичен напад, при што реагирале и пристигнале во домот на жената. Докторите веднаш ја пренеле во болница жената, но во домот останале нејзините 5 малолетни деца. Тогаш докторите се јавили во полициската станица и побарале да испратат екипа која ќе се грижи за децата додека мајка е во болницата.
За кратко време пристигнала екипа од полицијата, која покрај тоа што им направила вечера на децата, успеале и да ги измијат садовите и да го расчистат домот. Оваа случка е споделена на фејбук страницата на полицијата во Ајнховен со наслов “Дел од работата на полицијата..”
Да ве потсетиме дека овој тим, веќе се има докажано дека најважни се граѓаните ФОТО: Полицијата во Холандија е најдобриот пријател на граѓаните!