Да се биде член од авиокомпанијата Емиратис се смета за гламурозна професија. Но, една од стјуардесите открила што сѐ треба да поминете за да се вработите таму, но и какви се строгите правила на оваа компанија.
Британката Џоана Колинс објаснила дека мора да поминете низ ригорозен тренинг ако сакате да дојдете до првата класа. Меѓу другото треба да поминете и едукација за вина и да знаете разлика меѓу вината, шампањското, виски и други пијалоци.
Џоана открила и на што треба да се внимава кога станува збор за изгледот.
Ноктите мора да ви бидат светло розеви или може да имате француски маникир. Имаме и неколку црвени бои на лакови кои одредуваат посебен одел. Карминот е задолжителен како и моливче за усни во црвена боја.
Сенката за очи треба да биде или црна или крем, а се препорачува и црн туш.
Стјуардесите може да имаат „банана пунџа“ или обична пунџа, а смеат да носат и дебел црн стегач за коса.
Пред секое влегување во авион екипажот одржува состанок на кој го прегледуваат пописот на патници, вклучувајќи и важни личности. Нивните имиња и инормации ги имаат на своите таблети, но и дека во текот на летот се бележат информации за патниците, како на пример што сакаат, а што не, нивните барања во врска со храната и целта на патувањето.