Шкотскиот фотограф Иван Виган, чија серија на фотографии е наречена “Боговите” (“The Gods”) e прославување на културата и заедницата во склоп на хип-хоп културата во Југот на Америка.
Повеќето фотографи кои сакаат да фотографираат во стриптиз клубовите, тоа не им е дозволено ниту пак да докуменитраат опуштени дружби на афро-американските улични банди.
Но, Иван Виган, можеби поради неговиот нежен шкотски акцент и шарм секогаш бил поканет на овие забави. Серијата на фотографии наречена “Богови” е прослава на културата и заедницата во склоп на хип-хоп културата во Југот на Америка. Првично започнал да фотографира во Аталнта, Њу Орлеанс и Мајами, фотографии кои се провокативни и филмски, прикажувајќи ја уличната култура од една поразлична перспектива која е интимна и восхитувачка.
Виган е роден во Шкотска, но растен во Лондон. Неговиот незаситен пристап кон документирањето потсетува на еден познат цитат на Сузан Сонтаг од нејзината книга “За фотографијата”, “Фотографот е вооружена верзија на осамениот пешак, размислувајќи, прогонувајќи, крстарејќи низ урбаниот пекол, воеајеристичкиот патник кој го открива градот како пејзаж со хедонистички екстреми. Упатени од радоста на набљудувањето, познавање на емпатијата кој го смета светот за “живописен””.
За vice.com тој вели дека на фотографиите е преставено тоа што во светот се сè врти околу гангстерскиот рап и стриптиз клубовите кои се главното место за средби во таа култура. Најмногу акција има во стриптиз клубовите, таму одат сите за да се дружат, раперите ги пуштаат нивните нови песни, а најпознатите диџеи во хип-хопот владеат со бината.
За некои жени во таквите заедници, нивната најголема аспирација е можноста да танцуваат во еден од тие стриптиз клубови. На пример, во Атланта доколку си танчерка, луѓето се огледуваат на тебе, ти покажуваат почит, бидјеќи тие девојки заработуваат пари многу повеќе од сите останати во таа заедница, односно тие се едни од најбогатите. Тие девојки најчесто имаат 21 или 22 години и заработуваат лесни 5.000 долари од вечер. Буквално таму девојчињата едвај чекаат да наполнат 19 години за да можат да добијат лиценца за танчерка, додека момците сакаат да бидат во врска со ѕвездите танчерки и да бидат видени со нив.
Подолу погледнете ги фотографиите на Виган:
Извор: Vesti24.mk