Лекарот во ерменската болница само неколку моменти откако му се родило првото дете на Семјуел Форест му го соопштил следново: „Има голем проблем со вашиот син. Тој има Даунов синдром“.
– Бев во шок неколку секунди а потоа ме однесоа да го видам. Го погледнав, тој беше преубав, перфектен, и реков – со сигурност ќе го задржам! Отидов во собата на неговата мајка и од неа добив сосема неочекувана реакција. Ми постави ултиматум – ако не се откажам од Лео ќе ме напушти – вели младиот татко.
Мајката на бебето, Ерменката Розан Бадалиан, за ABC потврдила дека една недела по раѓањето на детето го напуштила и бебето и сопругот, но не образложила зошто.
Сејмуел Форест, таткото на Лео, е од Нов Зеланд. Тој вели дека воопшто не бил запознаен со практиките на ерменските болници, кога ќе се роди дете со Даунов синдром.
– Кога ќе се роди вакво дете ви давата опција дека не морате да го задржите. Мојата сопруга веќе се согласила, се договориле зад мојот грб. Семјуел вели дека не сакал да се разведе но воопшто немал можност да разговара со својата сопруга. Сега планира да се врати во Нов Зеланд каде ќе добие поддршка од своите роднини.
Вели дека детето повеќе би напредувало кога покрај него би била неговата мајка, но решен е да создаде убав живот за себе и за својот син. Семјуел започнал страница за донации, за да може барем првата година да биде подолго со детето и да се грижи за него. Досега се донирани над 100 000 фунти.
– Со сето ова што го поминувам со Лео, нема да дозволам деца што имаат родители да се праќаат во домови за сираци само затоа што се малку поинакви од нас. И децата со даунов синдром се нормални. Поинакви но нормални. Јас ќе откријам во што е Лео специјален и подобар од сите. Тој е прекрасно момче – вели Семјуел.