6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Се венчаа ѕвездите од серијата „Игра на тронови“

    Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли се венчаа во Абердиншир, североисточна Шкотска. 

    Венчавката беше во црквата Рејн, во близина на 900 години стариот замок Вордхил, кој е во сопственост на семејството Лесли.

    Свадбата не ја пропуштија ниту колегите од познатата серија.

    Па така меѓу гостите можеа да се забележат актерите Питер Динклиџ, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер и Емилија Кларк.

    Харингтон (31) и Лесли (31) се запознаа во 2012 година на снимање на серијата „Игра на тронови“, каде ја играа двојката Џон Сноу и Игрит. Лесли две години подоцна замина од серијата и сега игра во американската драма „The Good Fight“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.