6 C
Skopje
вторник, април 16, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Свадба на која сите плачеа – докторите беа кумови, а невестата имаше уште 48 часа живот

    Џек Бенистон (22) и неговата девојка Мишел Оконор (32), двојка од Стамфорд во Англија, се запознале пред 3 години и не им пречела ниту разликата во годините ни тоа што Мишел имала три деца од претходниот брак. Набрзо почнале заедно да живеат, како семејство…

    Тие го чекале првото заедничко дете кога Мишел почнала да добива страшни болки. И ги припишувале како последица на стресот, грижите и слично и тие не се загрижиле премногу. Меѓутоа Мишел се чувствувала уште полошо по породувањето. Болките и биле се почести и појаки.

    Во август лекарите им ја кажаа страшната вест. Мишел имала рак на грлото на матката. Решиле да се борат, меѓутоа недела дена подоцна дошла поразителната вест: ракот бил во последна фаза.

    -Ми телефонираа на работа и ми рекоа дека и е лошо и дека морам да дојдам. Кога стигнав, ми рекоа дека и е се полошо и дека не очекуваат да го преживее овој викенд. Не можев да верувам, не ми звучеше вистинито. И рекоа дека е во терминална фаза само недела дена претходно, раскажува Џек.

    Седеле во болницата во Питерборо сити и се гледале во очај.

    -Лекарите ни рекоа дека ќе ни дозволат уште тој ден да се венчаме во чекалната, и јас реков – ајде да го направиме тоа. Успеав да ги известам нашите семејства и блиските пријатели и сите дојдоа, што навистина беше орекрасно. Медицинските сестри токму тогаш ја завршија смената и останаа да ја уредат собата – кој ќе помисли дека тоа е чекална – вели Џек.

    -Беше величествено да ја гледам Мишел како оди кон олтарот, беше преубава. Тоа е прекрасна венчавка. Беше страшно, а Мишел беше среќна, а јас само тоа го сакав – се сеќава тој.

    Тие двајцата и така сакале да се венчаат, но се нешто друго им излегувало. Не ни замислувале дека ќе се венчаат во болничката чекална, ниту дека тоа ќе биде под толку ужасни околности.

    Првата брачна ноќ ја поминаа заедно во болница, а потоа Мишел била префрлена во друга соба.

    Сепак го преживеала тој викенд, а Џек уште четири недели бдеел над својата драга.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.