6 C
Skopje
недела, октомври 6, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Под висок напон – прототипот Audi e-tron во Фарадеев кафез

    Производната верзија на прототипот Audi e-tron ја најавува новата ера за брендот со четирите прстени: компанијата се трансформира од класичен производител на автомобили во снабдувач на системи за мобилност, кој на своите клиенти им нуди приспособени решенија за полнење, без разлика дали се дома или во движење.

    Производната верзија на прототипот Audi e-tron е првиот автомобил на пазарот што може да се полни на станиците за полнење со моќност до 150 kW. За помалку од 30 минути електричниот SUV е подготвен да тргне на следната дестинација од своето патување. Неговата голема литиум-јонска батерија обезбедува опсег од повеќе од 400 километри.

    Audi e-tron прототипот во Берлин

    Танцувачки светла од пулсирачките струјни напони

    Во Фарадеевиот кафез на високонапонската тест-платформа на Siemens, тим на електричари и инженери во најголемиот производствен погон за расклопни уреди во светот ги истражува импулсните напони до три милиони волти. Изградена во 1958 година параболичната сала располага со генератор на импулсни напони со големина на куќа. И прототипот Audi e-tron е во центарот на случувањето.

    Светлечки блесоци над покривот на автомобилот целосно ја осветлуваат салата висока 25 метри. Овој експеримент симболизира нешто што луѓето сонувале илјадници години: да се фати молњата и да се искористи нејзината енергија. Дури и денес не може да се користи молња за полнење електричен автомобил, но инженерите дојдоа чекор понапред до реализација на визијата за молскавично брзо полнење на возилата. Производната верзија на прототипот Audi e-tron е првиот автомобил на пазарот што може да се полни до 150 kW.

    The Audi e-tron прототипот во Берлин

    Полнење на батериите преку високонапонски станици со моќност до 150 kW

    На станиците за полнење со голема моќност што го користат европскиот стандард за комбинирано полнење (CCS) прототипот на Audi e-tron е подготвен да тргне кон следната дестинација од своето патување за помалку од 30 минути, што претставува клучна карактеристика зад овој софистициран систем за термичко управување за литиум-јонската батерија. Лоциран во подот на возилото, тој складира 95 kWh енергија за да обезбеди опсег од над 400 километри. SUV-пропорциите на ова возило го прават одлично во секојдневната употреба.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.