6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ФОТО: Новото „пежо 508“ ќе биде ексклузивно промовирано на саемот во Женева

    Новиот автомобил „пежо 508“ ќе биде ексклузивно промовиран на 88. интернационален саем за автомобили во Женева, кој ќе се одржи од 8 до 18 март.

    „Пежо“ ќе го претстави и новиот концепт „пежо рифтер“. Покрај тоа,  на саемот во Женева ќе ја претстави сосема новата скулптура на лав со импресивни димензии, која е дизајнирана од „Пежо дизајн лаб“.

    Оваа скулптура со себе носи цврсто впишана ДНК на брендот и ја олицетворува гордоста на целиот бренд, односно гордоста поради тоа што „Пежо“ го зголеми нивото на квалитет за да понуди квалитет без компромис.

    „Дизајнерите создадоа иконичен, безвременски дизајн кај овој монументален лав, со јасни и извајани површини. Неговите спектакуларни димензии го нагласуваат моќниот и непоколеблив карактер на брендот. Позицијата на држење, стоејќи исправено и решително посегнувајќи нанапред, но без агресија, пренесува ведрина и доверба во иднината“, изјави Жил Видал, одговорниот и главен раководител за дизајн на „Пежо“.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.