Некои врски се сосема обични и се сочинети од момче и девојка, додека други се многу чудни и се составени од повеќе лица.
Верувате или не, Адам од Остин, Тексас, живее со две жени, а тоа е доволно за бомбастична новинарска приказна. Тој е во врска со двете девојки, Брук и Шед и врската пет години им функционира одлично. Тие живеат заедно, се прават заедно, нема кавги и како што вели Адам, се функционира беспрекорно.
Адам веќе има двегодишно синче со првата партнерка, а втората е бремена. Член на нивното семејство е и седумгодишниот Оливер, син на една од девојките од претходната врска.
– Супер е што сите ќе бидеме родители и ќе одгледуваме деца, вели тој.
Кога се дознало за нивната врска, сите ги критикувале, но тие велат дека се среќни и ќе продолжат да бидат заедно.