Не е тајна дека дрвените палети можат да бидат претворени во стилски и функционален мебел … Но ова семејство излегува еден чекор понапред со понудата на еден многу амбициозен проект!
Што може да се направи од непотребни дрвени палети?
Паркет од стари дрвени палети – тоа не е фантазија, туку реалност, ако за правење му се посветиме сите заедно.
Најпрвин треба да се расклопат старите дрвени палети, секако доколку тoа е можно. Потоа треба да се поделат на групи и да се сортираат по големина. Претстои и друга важна операција: потребно е да извадат сите клинци од штиците.
Работата не е толку лесен и поради тоа потребно е учество на сите членови на семејството! Некои во работата можат да помогнат и морално …
Првиот дел е исполнет – штиците се подготвени за понатамошна обработка. Тие беа испратени до најблиската столарска работилница за брусење, додека сите достигнат еднаква дебелина. По што, материјалот беше подготвен за да биде транспортиран до домот.
Така направениот дрвен под изгледа многу спектакуларно! Кој би помислил дека пред некое време, тоа биле само куп стари палети …
Можеби ова е најдоброто нешто што некогаш е направено од палети… Еден доказ повеќе дека заедничките напори насочувани во правилна насока, доведуваат до одлични резултати! Одлична порција инспирација за дизајнерски подвизи.
Не заборавајте да ја споделите со вашите пријатели оваа корисна статија!