Ниската плима и недостигот од дожд предизвикаа пад на нивото на водата во Венеција за повеќе од 60 сантиметри. Поради тоа, многу канали пресушија, а гондолите и чамците останаа на суво.

Градскиот Голем канал, што е една од најзначајните сообраќајници во Венеција, остана затворен.

Не е првпат гондолите да го допрат дното. Ваква ситуација беше посведочена пред две години, а во 2008 и 1989 година нивото на водата опадна за рекордни 90 сантиметри.