Луси Хелен од Алабама била изненадена откако забременила неколку седмици по вградувањето спирала, но вистинскиот шок следел по породувањето.
Глетката од фотографијата која со молскавична брзина се прошири по интернет е неверојатна – новороденче со спиралата на мама во рачето, кое како да сака да порача “Појак сум од ова парченце!”
Само на Фејсбук досега е споделена повеќе од 70.000 пати. Верниците пак, водушевено коментираат дека малото момче е доказ дека Бог постои.
Луси се шокирала кога го видела својот син, па рекла: “Иако не ја планирав оваа бременост сите сме пресреќни зарадо Декстер.” Иако очигледно, бременоста била непланирана, Луси вели дека е среќна, но и дека ова и е последно дете.
Гинекологот спиралата и ја ставил во август минатата година, а дека е трудна дознала 18 дена пред Божиќ, што значи дека забременила неколку дена по ставањето на спирала. Декстер е роден на 27 април, неколку дена пред терминот.