Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за млади луѓе, но не и Кимико Нисимото. Таа е 89-годишна баба која живее во Јапонија и во изминативе 17 години има посебна пасија – прави автопортрети и ги уредува фотографиите на уникатен начин.
Како што пишуваат јапонските медиуми, таа за ова свое хоби се заинтересирала кога наполнила 72 години. Нејзиниот син предавал на почтен курс, а кој што се приклучила и таа, не знаејќи дека во неа ќе се разбуди страст и талент за кој што не знаела дека го има.
Бабата веднаш се вљубила во фотографијата и почнала да прави разни чудесни и комични автопортрети. Таа на 82 години ја направила својата прва самостојна изложба во музејот во нејзиниот роден град Кумамото, а сега ќе ја изложи својата работа и во галеријата Епсон во Токио. Насловена како „Asobokane” – што значи „да играме” – на изложбата ќе може да се види неверојатната работа на старицата.
Изложбата ќе биде отворена од 15 декември 2017 до 18 јануари 2018.