Венеција е дефинитивно град на брачната двојка Амал и Џорџ Клуни – тука пред три години го изговорија судбинското “да” и сега повторно се враќаат на “местото на злосторството”.
Вчера познатата адвокатка (39), заедно со нејзиниот сопруг (56), беше ѕвезда на познатиот филмски фестивал во Венеција, и малку е да се каже дека успеа да ги засени сите официјални лица.
Амал и Џорџ ги минаа последниве денови во Италија, каде што уживаа во возењето на гондоли, одеа на луксузни вечери, пиеја добро вино и очигледно добро се забавуваа.Најчесто ги гледаме во потполно релаксирано издание, но изгледа посебно се подготвија за Венеција, бидејќи Амал секоја вечер шета со нов фустан и не се знае која од ние е поубава.
Всушност, се знае – онаа што ја облече за популарната Мостра минатата ноќ дефинитивно е една од најубавите креации што ги облекла досега.Во неколку нијанси на виолетово фустанот од неколку слоеви буквално изгледа како облека за која би завидувале и принцезите од прекрасните цртани филмови на Волт Дизни.