Актерката Бригит Нилсен петти пат ќе стане мајка. Поранешната сопруга на Силвестер Сталоне на својот профил на „Инстаграм“ објави дека со нејзиниот партнер Матија Деси наскоро ќе станат родители.
„Семејството се проширува“, напиша Бригит покрај фотографијата на која го покажува стомакот.
Бригит беше и познат модел во 80-те години. Со Матија е во брак од 2006-та година, а зад себе веќе има четири брака и четири возрасни синови.