Фирмата „Авто мото здружение Гостивар“, чиј сопственик е газдата на „Дурмо турс“, минатата година имала забрана да врши технички преглед на возила, објави Фокус.мк
Забраната е издадена по извршен надзор од Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, надзор кој утврдил недостатоци и пропусти во работењето.
Недостатоците се однесувале на тоа што „Авто мото здружение Гостивар“ не обезбедувало видео запис од возила кои извршиле технички преглед, што е спротивно на чл.8 од Правилникот за технички преглед на возила. Освен забраната фирмата добила и задолжение неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена.
Овие информации ги откри Министерството за внатрешни работи, откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека по седум дена од изречената забрана, оваа гостиварска компанија продолжила да спроведува технички преглед на возилата.
Повеќе за ова на Fokus.mk