Вкупно има 26 пациенти заболени од корона вирус, од кои 17 во Скопје, а 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Од новите случаи, еден од пациентите е сместен на Инфективната клиника во Скопје, а другите се уште дома, но во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективна. Дополнително и пациентката која дошла од Холандија, ќе биде згрижена.
Министерот за здравство посочи дека во земјава би можело да се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во земјава, нагласувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица. Како што рече тој, пикот би можело да се очекува за околу еден месец.
Секоја епидемија има почеток експанзија и крај, рече тој и ги повтори апелите за придржување кон препораките од Владата.