6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Фетаи го прослави својот роденден: Тортата која ја доби – сите ја озборуваат (ФОТО)

    Шармантната Фатиме Фетаи, специјалната обвинителка во СЈО, вчера го прослави својот 34 роденден.

    Инаку нејзините блиски пријатели не ја оставија без честитка, тие и приредија големо изненадување на обвинителката на полноќ, а главниот уредник на ТВ 24, Огнен Јаневски ги обелодени фотографиите од атмосферата на својот фејсбук профил.

    Имено станува збор за мошне интересно изненадување. Тие ја посетија Фатиме во нејзиниот дом, а изненадувањето го крунисаа со торта на која имаше 34 свеќички.

    Она што на многумина им привлече внимание е тоа што обвинителката не доби обична торта со шлаг или чоколада, туку свеќичките беа во баница со праз, кое е нејзино омилено јадење.

    „Роденден се слави со торта-зелник со праз! Изненадување – пар екселанс! Сето тоа спремно, а другарите и семејството “злосторнички” се здружија за да не не’ сети роденденката. Специјална торта, за специјалната другарка – ФФ. Честита 34-ка… ова де 23-ка“, напиша Јаневски на Фејбук.

    Инаку Обвинителката од специјалното обвинителство, Фатиме Фетаи, е позната по тоа што во медиумите го објави предметот за изборните измами, е на релативно млада возраст, од околу 32 години. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде потоа има и магистрирано.

    Таа е мајка на две деца, и неодамна изјави дека во оваа работа како обвинител влегла кога второто дете имало смао четири месеци. Таа постојано ги охрабрува жените да ги остварат своите соништа и децата да не бидат изговор за растење на нивната кариера.

    Целата вест на МАГАЗИН.мк

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.