Роџер Федерер во три сета (6:4, 6:1, 7:5) го победи Ник Кирјос и се пласира во осмина-финалето на Флешинг Медоуз.
Федерер дуелот против контроверзниот австралиски тенисер, кој без желба го одигра мечот, го доби за 106 минути игра.
Кирјос ја загуби желбата за игра во седмиот гем од првиот сет, кога при резултат 3:3 не успеа да му го одземе сервисот на противникот, иако имаше три врзани топки за брејк.
Потоа следуваше серија на Федерер, кој најпрвин го заклучи првиот сет со 6:4, а потоа експресно дојде до 5:0 во вториот сет. Во третиот сет Швајцарецот малку го намали ритамот, но и покрај тоа без проблем го освои.
Противник во осмина-финалето на Федерер ќе му биде Џон Милнам, кој претходно во четири сета го победи Михаил Кукушкин.
Текстот Федерер рутински до осмина-финалето е превземен од МАКФАКС.