Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се вози во најлуксузното возило?
Ова прашање си го поставуваат граѓаните кои до редакција на Фактор пратија фотографија од БМВ 7 во кое е извесно дека се вози министерот.
Луксузното возило чини и до 150 000 евра а од МВР велат дека автомобилот бил од Агенцијата за управување со одземен имот.
Со обезбедување и возач министерот пред неколку дена со својот нов службен автомобил стигнал на познатата Боемска улица во Скопје.