Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на (УПОЗ) бара воведување на седумчасовен работен ден, и предложи 2 јануари и 2 мај да бидат прогласени за неработни денови.
„Со седумчасовно работно време ќе има подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време ќе се доведе до потреба од ангажман на дополнителен број на работници. Исто така ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството како и за рекреација“, изјави на прес-конференција претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски.
Ваквата инизијатива УПОЗ ќе ја поднесе до Владата.