Данската полиција истражува кражба на шише вотка за кое се тврди дека е најскапото на светот, по цена од 1,3 милиони долари.

Кражбата била извршена во кафуле во Данска. Непознат човек ја собрал вотката, а сѐ друго оставил недопрено.

Шишето „Русо-Балтик“ е сочинето од три килограми злато и исто толку сребро.

Сопственикот на кафулето, Брајан Ингберг, кој во барот има 1.200 шишиња вотка, вели дека украденото шише е налик предницата на стар автомобил.

Тој појаснува дека вотката не била осигурана и била позајмена од руски бизнисмен.

Полицијата го истражува случајот.