Во текот на изминатиов викенд, крадци украле 22 тони нутела.

Крадци во градот Нојштад украле ладилник во кој имало натоварено крем нутела, заедно со киндер-јајца и други слатки производи, објави британски „Телеграф“.

Украдената стока чинела меѓу 50 и 70 илјади евра.

Полицијата издала предупредување за сите граѓани кои ќе забележат дека некој нуди голема количина чоколада веднаш да пријават.

Независно од овој случај, полицијата во Виренберг трага по украдена приколка во која имало 30 тони овошје во вредност од 70.000 евра, која, најверојатно, е украдена во неделата вечерта.