6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Убиен новинар кој истражувал корупција во фудбалот во Гана

    Новинар од Гана кој работел на тајна задача е застрелан додека се возел кон дома, откако еден политичар повикал на одмазда против него, објави Би-би-си.

    Локалните медиуми објавија дека неидентификувани мажи на мотоцикли три пати го застрелале Ахмед Хусеин-Суале во главниот град Акра.

    Тој бил член на приватните истраги на организацијата „Tiger Eye“ и истражувал корупција во фудбалските лиги во Гана.

    Тајниот извештај за парични подароци доведе до доживотна забрана за поранешниот шеф на фудбалската асоцијација во Гана.

    BBC Africa Eye направи документарен филм за скандалот во 2018 година, откако доби пристап до истрагата предводена од контроверзниот новинар Анас Аремајов Анас, кој управува со „Tigar Eye”.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.