Ноќен чувар на музеј во Санторини е уапсен бидејќи кај него биле пронајдени повеќе предмети украдени од музејот во кој работел, наведе грчкото Министерство за култура.
Властите пронашле 15 глинени садови кои датираат од 17 век пред нашата ера, ископани во археолошкото пронаоѓалиште Акротири, а пронајдени биле и две камени и една глинена фигура, како и кристална чаша од светилиште посветено на божицата Афродита.
Полицијата соопшти дека по повод целиот случај, покрената е истрага.