6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Уапсен педофилот што им испраќал подароци за родителите преку „Али експрес“, а за возврат добивал голи фотографии на деца

    Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, одделот за спречување високотехнолошки криминал, во соработка со специјалниот оддел за борба против високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија Д.К. (42) од Белград под сомневање дека сторил кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и злоупотреба на малолетно лице за порнографија.

    За време на претресот на осомничениот, полицијата пронајде и конфискува компјутерска опрема со 42,5 гигабајти содржина настаната преку искористување деца за порнографски цели, преземени од интернет, а на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се 826 фотографии и 120 видеа, во кои децата се искористуваат за порнографски цели.

    Постои сомневање дека Д.К., освен преку преземање од интернет, содржините ги набавувал и преку комуникација со луѓе од странство, така што во замена за подароците што им ги праќал преку „Али експрес“, стекнал фотографии и видеа од нивните деца, кои се користат за порнографија.

    Осомничениот е приведен со кривична пријава пред канцеларијата на надлежниот обвинител.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.