6 C
Skopje
четврток, ноември 13, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Турција од најголем пријател, ќе стане наша ноќна мора – вето за членство во НАТО?

Ваквите стравувања се покренаа откако турскиот министер за одбрана рече дека очекува од институциите да преземат мерки против структурите на движењето ФЕТО во Македонија.

По вчерашната резервирана порака дека Турција може да го оддолжи членството на Македонија во НАТО поради случајот со припадниците на ФЕТО во земјава, министерката Радмила Шеќеринска денеска со оптимистички тонови дека Анкара сепак ќе ја потврди улогата на близок сојузник.

Турција со години наназад е еден од нашите најголеми сојузници, но се уште не го усвоила протоколот за НАТО, кој во последниве два месеца го потпишаа 11 земји членки на алијансата, процес кој се очекува да се заокружи до почетокот на следната година и да резултира со полноправно членство.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски смета дека е можно Анкара да го искомплицира текот на членството во НАТО доколку Македонија не ги испорача бараните лица и од тие причини земјава се наоѓа во позиција на “земи” или “остави”.

„Причината за која што Турција ќе го скрие своето делување во НАТО сојузот кој што во последно време не се баш на највисоко можно ниво заради приближувањето на Турција кон Русија и набавката на воена опрема и ракетен систем, како и потпишување на други договори за производство на воена опрема по руски лиценци. Ако така ја погледнеме состојбата во која се најде Турција во последниве три години мене ми беше комплетно јасно дека Турција ќе биде главен кочничар на ова брзо носење на Македонија по секоја цена во НАТО сојузот.” – изјави Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР.

Барањето на Анкара иако се актуелизира сега, датира од многу поодамна. Лани во февруари турскиот минситер на прес-конференција, јавно го повика премиерот Зоран Заев да се вклучи во сузбивање на, според нив, терористичката организација “ФЕТО”.

Во Македонија веќе се води постапка за екстрадиција на припадниците на ФЕТО.

Од 15, двајца од нив повеќе не се во земјава, пред неколку дена тврдеше министерот за внатрешни Спасовски.

До каде е целата постапка од министерството за правда не сакаат многу да коментираат.

Од таму велат дека во 2018 и 2019 година министерството работело на повеќе предмети за екстрадиција по барање на Турција. За сите овие барања министерството се обратило до судот за натамошно постапување и во моментов сите постапки се во тек.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.