6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Турист објавил снимка од плажа на „Инстаграм“ и добил казна од 1 500 долари

    Турист кој на „Инстаграм“ објавил видео на кое се пофалил дека погалил фока на Хаваите, наскоро ќе зажали поради ваквиот свој потег.
    Имено, набрзо по објавувањето на снимката тој добил парична казна од 1 500 долари, откако властите поради неговата објава му го дознале идентитетот.

    Туристот од Алабама видеото на „Инстаграм“ го објавил со назнака #monkseals, а на истото се гледа како навечер доаѓа на плажата Поипу, каде што спијат фоките, а пристапот за туристи е забранет.
    Тој погалил една од фоките, но кога се свртела кон него, побегнал.
    Текстот Турист објавил снимка од плажа на „Инстаграм“ и добил казна од 1 500 долари е превземен од МАКФАКС.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.