6 C
Skopje
недела, јуни 23, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина поради коментари за случајот „Хуавеј“

    Канадскиот премиер, Џастин Трудо, во саботата, во потег без преседан, изјави дека го разрешил канадскиот амбасадор во Кина, кој предизвика политичка сензација со своите коментари за случајот на екстрадиција на финансиската директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу.

    Џон МекКалум ја деградираше либералната влада на Трудо, велејќи дека Менг Ванжу може да има силни аргументи против тоа да биде екстрадирана во САД.

    Поранешни амбасадори го обвинија МекКалум за неприфатливо политичко мешање во случајот кој предизвика голема штета во односите меѓу Канада и Кина.

    Менг, која е ќерка на основачот на „Хуавеј“, беше уапсена во Ванкувер минатиот месец по барање на САД за наводни прекршувања на американските санкции кон Иран.

    Беше ослободена со кауција минатиот месец, а ќе се појави на суд во Ванкувер на 6. февруари.

    Кина реагираше со апсење на двајца канадски државјани под обвинение за кршење на националната безбедност, а трет беше осуден на смрт поради наводна трговија со дрога.

    „Синоќа ја побарав и прифатив оставката на Џон МекКалум од должноста канадски амбасадор во Кина“, рече Трудо без објаснување на причините.

    Дипломати и експерти изјавија дека ова е прв случај на разрешување на канадски амбасадор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.