Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Скопје. Како што информира полицијата, во 21,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата ,,Лазар Личеновски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ,,опел aстра“ управувана од Е.З.(26) од Скопје и ,,фиат стило“ кој го возел М.С.(37) од Скопје.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.С. бил пренесен во Градската општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди. Возачот Е.З. и сопатничката од истото возило Б.З.(21) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“, каде од страна на лекар кај Е.З. биле констатирани телесни повреди, а кај Б.З. биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.