Од среда до петок (17-19.08.2017) Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде центарот на балканската репрезентативна кошарка и домаќин на меѓународниот турнир – Трофеј на Македонија.
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, која се подготвува за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година, на „Трофејот Македонија“ ќе им биде домаќин на селекциите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Белгија.
На овој турнир деби во македонскиот национален тим ќе има Американецот Ромео Тревис, додека турнирот поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти 226 сантимерти високиот центар Марко Дујковиќ.
Македонија на стартот ќе игра против Црна Гора, која од клупата ја предводи легендата Богдан Тањевиќ, а на теренот ќе се појави НБА ѕвездата Никола Вучевиќ. Натпреварот ќе започне во 19 часот, а претходно турнирот од 16:30 часот ќе го отворат Босна и Херцеговина, во чии редови ќе се појават НБА играчите Јусуф Нуркиќ и Мирза Телетовиќ, и Белгија.
Во четврток од 18 часот се игра дуелот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, а „црвено жолтите“ од 20:30 часот ја пречекуваат селекцијата на Белгија.
Во петок на последниот ден од турнирот во Јане Сандански, Македонија во 20:30 часот е домаќин на БиХ, а од 18 часот ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Црна Гора.