6 C
Skopje
петок, февруари 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Трофеј Македонија: Браќата Стојановски за триумф над Белгија

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа на турнирот „Трофеј Македонија“, откако во четвртокот вечерта ја совлада Белгија со 72-67.

kosarka

Македонскиот тим против Белгија одигра за нијанса подобро него во првиот меч со Црна Гора и на крајот во неизвесна завршница успеа да победи.

Македонија на овој меч играше без Ромео Тревис кој поради полесна повреда не беше во составот.

Избраниците на Драган Раца и против Белгија лошо го затвораа рекетот и немаа контрола врз скокот, што на Белгијците им овозможи во последната четвртина да надоместат негатива од 10 поени.

Браќата Стојановски и на оваа средба покажаа дека се лидери на тимот, Војдан постигна 25, Дамјан 20 поени. Покрај браќата Стојановски двоцифрен кош ефект имаше само уште Марјан Јанески кој постигна 14 кошеви, а неговата тројка на 16 секунди до крајот го реши победникот.

Македонија во последното коло, в петок, ќе игра против Босна и Херцеговина, која во втората рунда загуби од Црна Гора 68-78.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.