Ти ме освои уште првиот момент кога се запознавме. Беше неверојатно привлечна и страшно самоуверена, блескаш повеќе од било кој во просторијата. Никогаш не имав запознаено некоја како тебе.
Чувсвувам, дека е чесно да напоменам, дека и јас блескав во тие денови. Бев способен да ги натерам сите да замолчат и со интерес да слушаат што имав да кажам. Бев привлечен, стегнат, забавен и успешен ( сеуште верувам дека сум).
Имавме многу заеднички интереси – театар, музика и вкусна храна. Имаше вредности и знаеше да процени што е правилно а што не е. Во тие денови се насладувавме вистински на взаемната дружба.
Една година одкако се запознавме, решивме да живееме заедно. Три месеца подоцна се веривме. Горе-долу овој период почнав да осеќам дека те губам.
Поради некаква причина започнавме да зборуваме помалку. Во почетокот беше неприметна тишина додека сме заедно. Тоа постепено премина во молчење со денови и недели. Кога прашував дали е се во ред, одговорот секогаш беше еден ист – уморна сум, ќе разговараме нареден пат. Така и не зборувавме. И за време на молчењето, твојот гнев порасна.
Се венчавме. Создадовме прекрасни деца и дом од соништата. И во наредните 13 години те загубив целосно.
Минуваа месеци без и да ме погледнеш. Започна да се однесуваш со мене, не само како со странец, туку како со најголем непријател. Кога зборуваше со мене, секогаш го креваше гласот. Кога пристигнував дома од работа, уште додека ја паркирав колата, го слушав твојот вресок врз нашите деца.
Кога бевме во друштво, зборуваше како да не сум таму, и дури ме прекинуваше кога зборував. Веќе беше јасно, дека не те интересирав во никој случај. Бев изолиран, не ме информираше за ништо поврзано со нашето семејство.
Тоа беше твојот начин да покажеш сила и дека ги држиш работите под контрола. Но најлошото од сето тоа започна, кога реши да ги вклучиш нашите деца во таквата имагинарна војна помеѓу нас. Не сум сигурен дали некогаш ќе можам да ти го простам тоа.
Секоја вечер, кога во домот беше тишина, ти си легнуваше заедно со мене во нашиот брачен кревет. Со молчење легнуваше во креветот, секогаш ми го вртеше грбот и ја гасеше лампата. Без добра ноќ. Просто кратко молчење.
Во тие моменти, мислев дека можам да ја допрам физички твојата самотија. Секоја ноќ, во тие 13 години, мечтаев за оној момент кога ќе се завртеше кон мене, ќе ме допреш и ќе прашаше дали е се во ред. Тогаш ќе се почувствувам сакан. Но тоа никогаш не се случи. Веќе и не се опитувам да допрам до тебе.
Пред три години те убедив заедно да посетиме брачен советник. Таму бев запрашан што најмногу сакам од тебе. Јас просто кажав дека сакам мило однесување. Во тој момент, ти ги преврте очите. Наскоро, и овие обиди да посетиме заедно брачен советник беа безуспешни. Така и не дознавме од каде доаѓа твојот гнев и лошо однесување.
Ете ме денес, имам 47 години. Вистина е, дека никогаш нема да те оставам. Главно поради децата, кои ги сакам највеќе на целиот свет. Може би, еден ден кога ќе пораснат и ќе го напуштат нашиот дом, ние едноставно ќе се разделиме, секој по својот пат.
И покрај се, понекогаш сеуште ја гледаам онаа прекрасна жена, во која се заљубив, пред многу години. Знам, дека и двајцата сме добри луѓе. Просто не сме добри еден за друг.
Додека сеуште не сум остарел, верувам, дека заслужувам некаква надежт и среќа. Одсекогаш сум ги осудувал луѓето кои се впуштаат во вонбрачни афери и сум верувал, дека тоа го правеле поради физичко задоволство, без притоа да мислат на последиците.
Но врз основа се она што го имам проживеано до сега, разбирам, дека многу од сексуалните врски надвор од семејството,се плод на длабока,внатрешна примарна желба – да биде сакан и посакуван.
А понекогаш, најблискиот човек не е способен да ти го даде.