6 C
Skopje
среда, февруари 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Три нови случаи на морбили во Скопје

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили, информираат од министерството за здравство, а со новите три случаи во моментов има вкупно 26 хоспитализирани пациенти од морбили.

    Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

    Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили или мали сипаници, додаваат од министерството за здравство.

    Како што посочија од министерството, досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.