Каталонската полиција уапси најмалку три лица осомничени дека се поврзани со тероризам, кражби, трговија со дрога и други злосторства.
Во антитерористичката акција учествувале повеќе од 100 агенти, пренесува агенцијата АП.
Според портпаролката на полицијата, претрес бил извршен на шест локации во Барселона и нејзината околина.