6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Три години не ги допрев прозорите, а блескаат. Ова е тајната“ – Исповед на современа домаќинка

    Во редакцијата на еден српски портал пристигнало несекојдневно писмо со порака и совет, како без нималку мака да ги одржувате прозорите чисти. Ви го пренесуваме писмото во целост:

    „Пред три години прочитав совет „Како на лесен начин да ги исчистите прозорите“. Денес, по толку години можам да кажам дека блескаат во полн сјај и оттогаш не ги избришав ниту еднаш.

    Се викам Драгана и имам 39 години. Мажена сум и имам 3 деца, за себе сметам дека сум добра сопруга и мајка, но мојата свекрва не мисли така.

    Во еден момент додека ги бришев прозорите, успивав дете и гледав ручекот да не загори, ми дојде идеја да отворам мал бизнис на интернет. За две години тој бизнис се прошири, а јас имав можност да ги вработам мојата другарка и мојата сестра. Имав работа преку глава, а време за домашните обврски никаде. Станот стануваше се понеуреден, а прозорите толку валкани, што почнав да избегнувам гости. Но, бидејќи сакав да бидам совршена домаќинка ја замолив сосетката да ми помогне и станот повторно блескаше. Вечерта кога мојот сопруг дојде чист и уреден, јас бев мртва уморна и несредена. Кога се ќе се пресмета, работата како домаќинка е толку невидлива и потценета. Жената може да добие проширени вени9, потечени нозе, висок притисок, шеќер…

    Додека ги гледав прозорите чисти сфатив дека никогаш повеќе нема да земам крпа во рацете. Бев толку наивна и глупава. Се докажував секому, на мојот сопруг и свекрвата, сакав да бидам совршена домаќинка, но тоа не треба да биде така.

    Особено апелирам младите жени да го земат својот живот во раце и да се отргнат од друштвено наметнатите норми.

    Свекрвата одамна ништо не коментира.

    Искрено ваша Драгана.“

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.