Непосредно пред да умре, султанот Сулејман го повикал командантот на својата војска и му ги дал овие три наредби:




1. Сакам мојот ковчег да го носат најдобрите лекари од Отоманската империја.




2. Сакам златници и скапоцени камења да бидат расфрлани по целиот пат кога го носат мојот ковчег.




3. За тоа време сакам моите раце да се покажат надвор за сите да ги видат.




Началникот на војската се зачудил и засрамено прашал која е причината за овие желби. Тогаш султанот му објасни:




– Сакам најдобрите лекари да го носат мојот ковчег за сите да видат дека дури и тие се немоќни пред смртта.




– Сакам да расфрлаш злато и скапоцени камења за сите да видат дека богатството што го добиваме во овој живот останува на овој свет.




– Сакам сите да ги видат моите раце за да сфатат дека дури и семоќниот султан Сулејман го напушта овој живот со празни раце.




Колку поучно звучат неговите зборови и денес!