6 C
Skopje
среда, јануари 15, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Трип-хоп легендите Hооverphonic со концерт во Македонската филхармонија

    Светски етаблираниот трип-хоп бенд Hооverphonic ќе одржи концерт во Скопје на 29 март во салата на Македонската филхармонија во рамките на својата балканска турнеја и ќе имаат настапи и во Загреб, Белград и во Софија.

    Од организаторот „Авалон продукција“ велат дека салата на Македонската филхармонија во Скопје е најадекватен објект за музиката на овој бенд.

    Hооverphonic e белгиски бенд основан во 1995 година, кој зад себе има осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија.

    Кон средината на ноември минатата година бендот го објави албумот Looking for stars, што содржи единаесет композиции на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип-хопот, чија основа преовладува на целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

    Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност првпат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови што ја одбележаа кариерата на еден од најпознатите трип-хоп бендови на сите времиња, како што се легендарната Mad about you, 2 Wicky, Eden, Winegar and salt и уште многу други.

    Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16 јануари), а информации за цените на билетите ќе бидат дополнително објавени.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.