Сите го чистиме мијалникот и мислиме дека тука е крајот на нашата работа со него. Меѓутоа, иако детално сте го исчистиле и стеги исполирале чешмите, за најодвратното не сте ниту свесни. Не била свесна ни оваа жена, додека не го отворила одводот и не се згрозила.
-Исклучително сум фиксирана на чистотијата на куќата и секогаш ми е мијалникот чист. Меѓутоа, иако на око се изгледа во ред, постојано од него се ширеше некаков мирис.
Кога веќе ми стана мака од тоа, на сила со паричка го отворив одводот и имав што да видам – години и години остатоци од храна се собирале внатре и мирисаа до небо. Земав, долга тенка четка и извадив се, колку што беше можно. Дури сега сфаќам дека тоа мора да се прави редовно – рекла оваа жена на Фејсбук.
Кога ја објавила својата фотографија, многу жени почнале да го прават истото и се соочќиле со непријатно изненадување.
-Се згрози кога видов што има во мојот мијалник – вели една домаќинка, фалејќи го трикот со паричка, кој како вели, ѝ помогнал, а никогаш претходно не ѝ паднало на памет со кованица да го искорне чепот за да види што се крие под него.