6 C
Skopje
среда, септември 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Трикови за поголем волумен на косата

    Доколку имате рамна и тенка коса, постојано се мачите да ја средувате, бездруго не ви е лесно да постигнете волумен на косата. Но, за среќа, постојат едноставни трикови за секој тип коса.

    kosa_volumen

    Прво, време е да си купите квалитетен лак за коса, и нанесете го пред да спиете. Со рацете нежно обликувајте ја косата, а потоа направете си пунџа на врворт на глават. Кога ќе станете, пуштете си ја косата. Ќе имате благи локни, и ќе добиете поголем волумен на косата.

    Второ, сменете го патецот на вашата косата. Ова е едноставен трик кој секогаш успева. Сé што треба да направите е да го префрлите патецот на косата. Доколку ја носите косата само на едната страна, таа по извесно време се сплескува, но ако го префрлите патецот на косата, тогаш добивате неверојатен волумен на косата.

    И, трето, може да добиете волумен со помош на пудра. Дури и масната коса за миг може да стане прекрасна и бујна. Наместо да ставите сув шампон, нанесете бебешка пудра, и убаво измасирајте, а потоа обликувајте ја косата како сакате. Волуменот кој ќе го добиете ќе ве изненади.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.