6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Тренерот на Алиоски на саканиот клуб му подарил хотел

    Тренерот на Езџан Алиоски, Марсело Биелса, инаку легенда на аргентинскиот фудбалски клуб Њуелс одл бојс, ја финансирал изградбата на новиот клупски хотел.

    Биелса познат под прекарот „Локо (Лудак)“, иако контроверзен поради своето однесување е многу почитуван во тренерската фела. Пеп Гвардиола никогаш не крие дека најголемо влијание во неговата кариера како тренер имал токму Биелса.

    Лани Аргентинецот беше тренер во Лил, откако претходно беше тренер во Олимпик Марсеј и Атлетик Билабо со кој правеше чуда во Лига Европа.

    Во Лил добро се запознаа со неговиот темперамент. Клубот му одреди суспензија на 13 натпревари, а потоа му врачи отказ.

    Деновиве се појави информацијата дека „Локо“ Биелса ја финансирал изградбата на хотелот на својот сакан клуб во Аргентина. Хотелот бесплатно бил проектиран од познатата архитекта Марија Еугенија Биелса, сестрата на Марсело.

    Хотелот се простира на површина од два квадратни километри, а Биелса за изградбата донирал два милиони евра.

    Поради обврските кон Лидс јунајтед, Биелса не можел да присуствува на неговото отворање.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.